ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Се врати комуникацијата Скопје-Софија, Заев и Јанев се договорија за следните чекори

Премиерот Зоран Заев се согласува со ставот на бугарскиот претседател Румен Радев, дека Северна Македонија и Бугарија треба да го решат спорот во Скопје и Софија, а не во Брисел. Заедничкото патување на претседателите Радев и Пендаровски во Рим и Ватикан го отвори патот за меѓувладина комуникација.

ВМРО ДПМНЕ не ја коментира изјавата на Радев. Опозициската партија побара ЕУ веднаш да ги започне преговорите, и да не се постигнува  договор што ќе влијае на идентитетот. Во меѓувреме, од Алијансата за Албанците и Алтернатива велат дека владата не успеа да влијае на Бугарија преку ЕУ, за надминување на проблемот. Решението, според нив, е проширена влада и нови избори.

„Не е здраво да се коментираат државните позиции на земја-членка на ЕУ упатени кон владата на Северна Македонија. Сепак, оваа изјава на претседателот Радев зборува за неуспехот на обидите на Владата на СДСМ-ДУИ да изврши притисок врз Бугарија, преку другите земји-членки на ЕУ. Ние долго време ги осудувавме ваквите напори како екстремен дипломатски аматеризам, што покажа длабок недостаток на разбирање за тоа како работи ЕУ“, велат од АА – ААА.

Експертите велат дека е во наш интерес да го решиме ова прашање билатерално. Симонида Кацарска од Институтот за европска политика смета дека последниве денови омекна реториката на Бугарија кон спорот со Северна Македонија.

Радев и Пендаровски денеска ја завршија својата тридневна официјална посета на Италија. Двајцата претседатели го одбележаа денот на Свети Кирил и Методиј, но ја искористија можноста да разговараат за спорот меѓу земјите.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button