ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Се заоструваат условите за добивање дозвола за престој во Македонија

Министерството за внатрешни работи предлага можно дискриминаторски одредби во Законот за странци. Во предложениот текст којшто е веќе во Собранието, со членот 71 кој го регулира привремениот престој во нашата земја, еден од неопходните услови за добивање дозвола за престој е гаранција од најмалку 40.000 евра.

„- странец, државјанин на држава членка на Европската унија или на ОЕЦД или кој согласно со меѓународен договор ратификуван согласно Уставот на Република Северна Македонија стекнал право на сопственост на стан, станбена зграда или куќа на територијата на Република Северна Македонија под услови утврдени со закон, во износ од најмалку 40.000 евра.“

Ваков услов не е предвиден во земјите од регионот. Но, ова, според министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, не претставува проблем бидејќи како што вели, политиките и правниот систем кај нас не зависат од земјите од регионот и во овој случај принципот на реципроцитет не важи.

За разлика од С. Македонија, законските регулативи на Албанија, Косово и Србија, во услови кои ја одредуваат дозволата за престој на странски државјани, бараат само доволно финансиски средства за живеење и усогласеност со законските одредби за осигурување, задолжително пријавување и почитување на роковите за престој.

Adrian Kerimi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button