ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Се запали двокатен автобус на ЈСП “Скопје”, нема повредени

Попладнево околу 18.30 часот се запали двокатен автобус на ЈСП „Скопје“. Автобусот бил со 40-тина патници, но нема повредени поради навремената и брза интервенција на возачот.

Како што велат од јавното претпријатие автобусот сообраќал на линијата 7 и се движел од Лисиче кон Центар. Во близина на фарбиката „Раде Кончар“ на булеварот Трета македонска бригада, возачот на ретровизот забележал чад од задниот дел на автобусот. Веднаш застанал, ги евакуирал сите патници од автобусот и била повикана Пожарната бригада на Град Скопје.

„Пожарот избувнал кај моторот и ја зафатил инсталацијата. За многу кратко време е изгаснат од пожарникарите и освен материјална штата, нема повредени патници“, велат од ЈСП „Скопје“.

Екипи на Министерството за внатрешни работи направиле записник, а се чека увид и од Јавен обвинител и крим техника.

Ова не е прв пат да се запали кинески двокатен автобус. Пред две години се запали автобус на линијата 5 во населбата Ѓорче Петров.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button