ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Се зголемува бројот на пациенти со алергии

Се зголемува бројот на пациенти со алергии

Сезонските алергии го зголемија приливот на граѓани кои бараат лекарска помош во амбулантите и болниците. Временските промени го продолжија периодот на цветање и испуштање на полен во воздухот што е главен фактор за појавата на алергии во овој период од годината.

„Последниве недели има зголемување на бројот на пациенти кои бараат лекарска помош со симптоми како што се назална конгестија, течење на носот, чешање на очите, кашлање, кивање, отежнато дишење. Многу е важно да се избегнува во текот на денот кога концентрацијата на полен е висока и во зори од 5 часот наутро до 10 часот наутро и во самрак по 19 навечер кога опрашувањето е доста високо“, изјави Сеад Зејнел, директор на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза

Алергии се јавуваат и од сонцето. Сè поголем број пациенти има и на Клиниката за дерматологија. Понекогаш, освен површни алергии, може да се јави и рак на кожата.

В недела во Градскиот парк во Скопје ќе се организираат бесплатни прегледи за рано откривање на кожни болести кои можат да бидат предизвикани од сонцето. Лекари-специјалисти ќе бидат достапни од 10 до 14 часот. /Алсат.мк

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button