СПОРТФУДБАЛ

Седлоски: Добивме поволен ривал, но нема да се залетаме

Фудбалерите на Шкупи ќе се судрат со Линколн Ред Импс од Гибралтар во првото претколо на Лигата на шампионите. Чаирчани ја добија најповолната можна ждрепка, бидејќи можеше да играат со Шериф Тираспол, Карабах, Слован Братислава и Шамрок Роверс.

Иако Гибралтарците се аутсајдер, предводникот на „гулабите“ Гоце Седлоски повика на претпазливост. Стратегот најави дека неговите избраници нема да се залетаат и цврсто на нозе ќе го дочекаат дуелот.

„Од сите очекувани во групата, добивме добар противник, поволен за нас. Не треба тоа да не залажува, стоиме цврсто на нозе. Мора добро да се подготвиме и да ги анализираме каква екипа се. Подготовките ќе течат нормално, добивме противник што го посакувавме, но нема да се залетаме. Фудбалот денес сите знаеме каков е“, изјави Седлоски.

Шкупи првиот натпревар ќе го игра на домашен терен на петти или шести јули, додека на 12 или 13 гостува во Гибралтар. Клубот работеше напорно за да успее да добие дозвола за настап во Европа на својот стадион „Чаир“, а дали УЕФА даде „зелено светло“ ќе видиме во наредниот период.

Извор: Gol.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button