ЕКОНОМИЈА

Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет

Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за финансирање и буџет.

Членовите на оваа комисија ќе расправаат за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, по скратена постапка – второ читање.

На дневниот ред на седницата е и Предлог-законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и коридорот 10 Д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија, по скратена постапка – второ читање.

Овој Предлог-закон е поднесен од пратениците Јован Митрески, Арбер Адеми, Сурија Рашиди и Кастриот Реџепи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button