ВЕСТИСПОРТ

Сејдини: Ќе продолжам да го давам најдоброто за фудбалот во нашата земја

Ковид-19 ја засени прославата за најголем успех на репрезентацијата на Македонија, која успеа да се пласира на Европското првенство.

Во врска со ова, првиот човек на македонската Фудбалска федерација (ФФМ) вели дека сепак Ковид-19 го направи своето, не само во нашата земја, туку и во целиот свет. Сепак, тој скромно рече дека ќе продолжи да дава сè од себе за спортот, поточно фудбалот во нашата земја.

„Ковид-19 и онака ја заврши својата работа, не само тука во Македонија, туку и низ целиот свет. Сепак, би сакал да започнам со зборовите на Дидие Дешамп, кога беше избран за најдобар селектор на светот по освојувањето на Светското првенство во Русија, кога му се заблагодари на претседателот на Француската федерација што му дал можност да се докаже пред светот. Затоа, сакам да им се заблагодарам и на делегатите кои ми дадоа доверба да го направам најдоброто за фудбалот овде во Македонија“, изјави во вечерашното издание на емисијата „200“ на Алсат, претседателот на ФФМ, Мухамет Сејдини.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button