СПОРТФУДБАЛ

Сејдини: Репрезентацијата на Македонија ќе биде изненадување број еден на Европското првенство

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, во емисијата „200“ што се емитуваше вчера на АЛСАТ, даде силно ветување. Првиот човек во домашниот фудбал, истакна дека репрезентацијата на Македонија, со играчите кои беа во квалификацискиот циклус и со некои од младите фудбалери, ќе биде изненадување број еден на Европското првенство во 2021 година. Да потсетиме, првиот натпревар Македонија ќе го одигра во Букурешт против Австрија на 13 јуни, а 4 дена подоцна се среќава со Украина. Последниот натпревар во групата е во Амстердам, против Холандија, на 21 јуни.

Имајќи ги предвид сите овие играчи што се во репрезентацијата и некои други играчи кои ќе бидат вклучени во репрезентацијата А, мислам дека Македонија ќе биде изненадување број еден на ова првенство. Не велам дека ќе го освоиме првенството, но ќе бидеме изненадување. Во добар контекст за нашите гледачи и граѓаните што живеат тука во Македонија –  изјави Муамед Сејдини, претседател на ФФМ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button