ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Села: „Изјавите на Заев за пописот на дијаспората, како на владетел од минатиот век“

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, изјавите на премиерот Зоран Заев за пописот на дијаспората ги оценува како ставови на владетелите од минатиот век. Според Села, законот е јасен и тој наведувал дека дијаспората е дел од вкупното население во земјата. Според него, погрешните толкувања дали дијаспората се вклучува во вкупното население или не, биле очекувани.

„Потребно е да ја знаеме вистинската бројка. Законот е јасен. Вкупен број на население се нарекува збирот меѓу резидентното и нерезидентното население и реално е така. Ако зборуваме за права, Уставот и државното регулирање зависат од гласачите и секој што е граѓанин е учесник во претставничката демократија и го регулира политичкиот систем во една земја. Затоа, вкупниот број на население е бројот на резидентни и нерезидентни жители. Така вели законот“, рече Зијадин Села, Претседател на Алијанса за Албанците.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button