МАКЕДОНИЈА

Села: Ќе се заложиме за целосна рамноправност на Албанците

Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, поканет во „Патот кон …“ на Алсат, рече дека тој и неговиот политички субјект ќе продолжат да работат за целосна рамноправност на Албанците. Села дури подвлече дека ќе се залагаат за уставни измени за еднаш засекогаш во Уставот да се нагласи дека албанскиот јазик е службен.

„Продолжуваме да стоиме на идејата за целосна рамноправност на Албанците во Северна Македонија. Не можеме да кажеме дека сѐ е во ред се додека нѐ третираат како фигури и привремени. Уставни измени, главниот дел од тие уставни измени треба да се отстрани дефиницијата за употреба на албанскиот јазик и да се нагласи дека службен јазик е и албанскиот јазик, за да не се отвораат дебати од типот што ги слушаме секој ден. Ние сме единствениот албански политички субјект кој успеа со уставните измени за Договорот од Преспа да промени нешто друго од она што беше предвидено со Договорот од Преспа, првата реченица од преамбулата“, изјави Села.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button