ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Селами: Политизација на попис се случува во мултиетнички општества и земји

Заменик директорот на Заводот за статистика, Елми Селами во вечерашната емисија „Патот кон…“ на Алсат рече дека политизација на процесот на попис на населението, како статистички процес, се јавува во земји или мултиетнички општества, како што се Република Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и други.

„Пописот е чисто статистичка операција, поширока фронтална операција што се одвива на терен и како таква треба и да биде. Зошто е политизирано прашањето за пописот е прашање за кое треба да се разговара, особено во мултиетнички општества, во мултиетнички земји како што е Македонија, ако зборуваме за Балканот, Босна и Херцеговина, Црна Гора и така натаму. Мајсторство на секоја држава е да се направи највидливата поделба помеѓу пописот како статистичка операција и попис како операција каде што политиката става прсти “, рече Селами.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button