МАКЕДОНИЈА

Селами: Во последните 20 години имаме бројка од стотици илјади луѓе кои ја напуштаат државата

Миграцијата е феномен кој ја засега не само Република Северна Македонија, туку и другите земји од регионот, изјави во „Патот кон…“ на Алсат, заменик директорот на Заводот за статистика, Илми Селами. Според него, потребата од работна сила во развиените западни земји е една од причините за иселување  на населението. العاب الخيول Селами дури нагласи дека во последните 20 години стотици илјади млади луѓе ја напуштиле земјата. العاب ماكينات

„Не е само заминувањето на младите, ние зборуваме за миграцијата која во последно време зема замав и треба да се види големата слика, а во оваа голема слика не е само Република Северна Македонија туку сите земји од балканскиот регион и пошироко и други држави. Со зголемувањето на индустријализацијата, со зголемувањето на економскиот раст на западните земји, истовремено се зголемува потребата од работна сила и во овој поглед значи земји како Република Северна Македонија, соседните земји од регионот бележат депопулација“, рече Селами.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button