ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Селата во општина Теарце со секојдневни проблеми за вода

Селата во општина Теарце со секојдневни проблеми за вода

Околу 700 куќи во селото Пршевце, општина Теарце, со години се соочуваат со недостиг на вода за пиење. Состојбата се влошува во топлите летни месеци, кога поради недостиг на вода во изворите, жителите се принудени да набавуваат вода за пиење од селската река. Но, таа освен што е нечиста, ги оштетува и апаратите за домаќинство. Жителите се жалат дека иако немаат вода за пиење, годишно плаќаат по околу 30 евра за вода.

„Вода за пиење моментално има, но таа е од реката. Има со прекини во текот на денот. Ја пиеме водата од реката, не е чиста, некои денови е чиста, но дома имаме проблем со белата техника. Откако се изградени хидроцентралите, водата не е добра, повеќе е дизел и нафта отколку чиста, бидејќи нема филтер, а ја добиваме од реката. Белата техника се оштетува секој месец, треба да ја менуваме.“

„Ние жителите го чувствуваме недостатокот, но што да правиме, не е само нашето село затоа што три села Пршевце, Теарце и Глоѓи, добиваат вода од таа река. Оваа ситуација е од ‘80-те години.“

Но, првиот човек на месната заедница во селото вели дека за недостигот на вода во летните месеци виновни си се самите граѓани.
„Ветувањата на општината се стари, дека Теарце, Пршевце, Глоѓи ќе направат заеднички филтер, но сепак ништо од тој проект. Останаа само на зборови. Годинава не добивме вода од реката и имаме вода, но проблемот е кај тие кои злоупотребуваат. Бидејќи имаме вода, 30 литри вода во секунда и таа е полна, но се злоупотребува, се полеваат ливади и паркови“, изјави Нуредин Абдули, старешина од село Пршевце.
Решавањето на овој проблем од страна на општината е невозможно, поради високата цена на проектот за прочестителните станици и акумулации, вели градоначалникот на Теарце.

„Се пријавивме во сите министерства, дирекции, фондови, да се вклучиме во оваа инвестиција. Чекаме деновиве да нè контактираат и можеби од такви средства да добиеме нешто делумно за инвестиција, а останатото ќе се обидеме да го реализираме во друг момент“, рече Нухи Незири, градоначалник на општина Теарце.

Од друга страна, жителите на Пршевце се жалат дека проблемите со водата почнале во моментот кога биле пуштени во употреба малите хидроцентрали над селото.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button