СПОРТФУДБАЛ

Селта го сака Манџукиќ во своите редови

Хрватскиот фудбалер Марио Манџукиќ се најде во сферата на интерес на Селта, објави „АС“.

Раководството на шпанскиот прволигаш размислува да го ангажира 34-годишниот напаѓач. Сепак, конечната одлука за играчот ќе ја донесе новиот тренер, кој ќе го замени разрешениот Оскар Гарсија.

Манџукиќ во моментов е слободен агент. Последен клуб на Хрватот беше катарскиот Ал-Духаил, кој го напушти во јули.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button