ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Семејството на малиот Алмир ќе бара правда пред Судот во Стразбур

Иако случајот „Алмир“ првично треба да ја чека одлуката на Врховниот суд во земјата, адвокатите велат дека не очекуваат промена на пресудата. Министерот Бојан Маричиќ ја коментираше целата оваа „збрка“ на правосудниот систем на денот кога беше присутен пред затворот во Куманово. Рече дека секогаш има револт за судските одлуки, и повика предметот да биде презентиран пред Судскиот совет, за да ги разгледа процедуралните пропусти на случајот.

Во меѓувреме, семејството Алиу ја доби одлуката на Судот во Куманово дека треба да се појават во затворот Кшање, одбивајќи го барањето за одложување на издржување на ефективна затворска казна. И таткото на Алмир и неговите двајца чичковци треба да се појават во затвор во законскиот рок од 24 часа за да ја издржат казната од 6 односно 9 месеци.

Вчера, во истиот затвор обвинетиот за смртта на 4 годишното момче, Бобан Илиќ се појави да ја издржува казната за преостанатите 3 години, во полуотворениот затвор, што беше критикувано од одбраната на семејството на Алмир, кој беше смртно прегазен во јуни 2016.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button