СПОРТФУДБАЛ

Серија од три порази во првенството, Пиоли пред отказ?!

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли наскоро би можел да ја напушти функцијата, пренесуваат италијанските медиуми. Челниците на клубот од Сан Сиро се уште веруваат во тренерот, но би можеле да се предомислат доколку наскоро не се промени ситуацијата во тимот, а со тоа и во поредокот.

“Росонерите” се во серија од три порази во првенството, односно на последните пет натпревари освоија само два бода, а моментално се на петтото место со 38 бода.

Во случај актуелниот шампион да продолжи со слаби резултати и да се доведе во прашање пласманот во “Топ 4”, цехот би можел да го плати Пиоли, кој на клубот му ја донесе првата титула од 2011 година. Педесет и седумгодишниот тренер на клупата на Милан е од октомври 2019 година./Makfax/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button