
Серија земјотреси, од кои најсилниот беше со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, денеска ја погодија областа Истанбул, а беа почувствувани и во околните провинции, како и во Анкара.
Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала го погоди Мраморното Море во близина на брегот на истанбулската област Силиври, изјави министерот за внатрешни работи Али Јерликаја, пренесе Си-Ен-Ен Турк.
Претседателот Реџеп Таип Ердоган во својата прва изјава по земјотресот во Истанбул рече дека внимателно ги следи случувањата.