МЕТРОПОЛРЕГИОН

Севдалинката влезе во листата на културно наследство на УНЕСКО

Традиционалната градска народна песна на Босна и Херцеговина, севдалинка, на 4 декември е ставена на листата на нематеријално културно наследство на УНЕСКО, соопшти Министерството за цивилни работи на Босна и Херцеговина, објави Радио Слободна Европа.

Оваа одлука е донесена на седницата на Комитетот за нематеријално културно наследство на УНЕСКО и претставува исклучително признание за културното наследство на Босна и Херцеговина, се вели во соопштението.

Министерката за цивилни работи, Дубравка Бошњак, рече дека вклучувањето на севдалинката на листата на УНЕСКО е исклучително признание за Босна и Херцеговина, но и обврска уште повеќе да се заштити и да се промовира ова културно богатство.

– Севдалинката е многу повеќе од песна, таа е универзален израз на човечките емоции, сведок на нашата историја и идентитет и мост меѓу различните култури. Нејзиното место на светската сцена е доказ за нејзината универзална вредност – рече таа.

Номинацијата на Севдалинка за листата на УНЕСКО беше иницирана во 2017 година од страна на Здружението на музички уметници од Тузла, со поддршка на Државната комисија за соработка на БиХ со УНЕСКО и на Министерството за цивилни работи. Подготовката на документот за номинација беше координирана од Сојузното Министерство за култура и спорт.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button