ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Шахпаска го демантира Османи за планот за вработување по етнички клуч

Пофалбата на министерот Бујар Османи дека е усвоено едно од предизборното ветувања на ДУИ за субвенционирано вработување Aлбанци во приватниот сектор, е демантирано од коалицискиот партнер во власта. Министерката за труд Јагода Шахпаска појаснува дека во усвоениот оперативен план за вработување новина е единствено приоритетот кои сега им се дава на лицата кои изгубиле работа поради ковид – најранливите категории, како и рамномерниот регионален развој на помалку развиените средини. За субвенции приватните компании ќе може да аплицираат без разлика каква е етичката застепаност во нивната компанија.

„Сите работодавачи кои што аплицираат велегуваат во системот врз основа на специфични и јасно дефинирани критериуми и огласи кои што ќе произлезат од Оперативниот план. Кога се јавуваат како баратели апликанти на мерката, не можеме ние да принудиме никого со сила да принудиме користење на субвенциите. Значи не можеме да принудиме само Македонци да аплицираат за таа мерка и или само Албанци апсолутно отворено е во понудата јавниот повик на Агенцијата за вработување да аплицираат припадници, работодавачи од било која етничка зедница ние ја даваме истата можност која и сега реално постои“, рече Јагода Шахпаска- Министерка за труд и социјална политика.
И владниот портпарол Душко Арсовски појасни дека во планот за вработување фокусот е насочен кон подолго невработените лица, и најризичните категории без разлика од која етничка припадност се.

„Принципот на диверзитет и инклузивност за сите општествени категории во приватниот сектор согласно принципите на правична и адекватна застепност на етичка,полова религиозна, расна или која било друга ранилва категорија во согласност со стандардите и практиките на Обединетите нации и меѓународната организација на трудот значи ништо надвор од тоа“, рече портпаролот Арсовски.

Според инфомациите на Алсат усвоениот Оперативен план за вработување за оваа година предвидува субвенции кои ќе ги добиваат приватните компании кои ќе вработат самохрани родители, млади до 29 години, жртви на семејно насилство, припадници на ромската заедница, жени од ромската заедница или од другите етнички заедниците и сл, но нема никаде предлог дека заради вработување на Албанци компаниите ќе добијат субвенции. За реализација на планот се обезбедени една 1,5 милијарда денари и ќе бидат опфатени повеќе од 10 илјади лица.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button