МАКЕДОНИЈА

Шахпаска: Градинките се подготвени за поголемо присуство на децата од 1 септември

Градинките се подготвени за поголемо присуство на децата од 1 септември, меѓутоа и понатаму почитувањето на мерките претставува врвен приоритет. Согласно последниот пресек 71 процент од вработените во градинките се веќе вакцинирани, истакна министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска при денешната посета на клонот „Сончогледи“ во склоп на градинката „Весели цветови“ во општина Кисела Вода.

Таа посочи дека по една година искуство можат да говорат за тоа дека кога се почитуваат доследно протоколите, коишто се пропишани од страна на Комисијата за заразни болести, а коишто се прифатени од страна на Владата безбедно, згрижувањето на децата во градинките е безбедно.

– Нашиот апел којшто произлезе и од заедничката средба со директорките на скопските градинки, меѓутоа и градинките од целата држава е сите вработени да пристапат кон процесот на вакцинација, затоа што преку грижа за личниот имунитет тие придонесуваат и за колективниот имунитет, пред се за грижата за нашите најмлади, односно за децата згрижени во градинка, нагласи Шахпаска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button