ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Шаќири: Да ги вратиме учениците во училишните клупи, повисоки плати ќе има

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири апелираше учениците да се вратат во училишните клупи, да не губат настава и најави дека денеска ќе испрати писмо до СОНК и неговото членство и изрази надеж дека ќе наиде на разбирање.

-Да им озвоможиме на учениците на време да ја завршат учебната година и да ја почнат подготовката или реализацијата на веќе зацртаните планови за нивната иднина, нагласи Шаќири, додавајќи дека тоа е  наша законска, етичка и морална обврска.

Министерот Шаќири изрази надеж дека ако не од утре, тогаш од понеделник воспитно-образовниот процес ќе се нормализира.

-Учениците да се вратат во училишните клупи. Не смееме да дозволиме нов луксуз и учениците повторно да изгубат многу од настава и од учењето. Тоа ќе создаде дополнителни празнини во знаењето кое понатаму тешко или воопшто не се надоместува. Затоа апелирам до сите општествени чинители, а особено до СОНК и до наставниците при сите одлуки кои ги носиме и постапки кои ги правиме да се водиме по најдоброто, најдобриот интерес на учениците, а нивниот најдобар интерес е тие повторно да се вратат на настава во училиштата, да бидат меѓу своите врсници, рече Шаќири на денешната прес-конференција на платото пред Владата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button