ВЕСТИЗДРАВСТВО

Шаќири: Главниот фактор за нарушувања на говорот кај децата е технологијата

Во емисијата „Огледало на здравјето“ во Алсат, на тема „Говорни нарушувања кај децата“ зборуваше специјалистот по клиничка логопедија, Нермин Шаќири, која рече дека во последните години имаме голем пораст на бројот на деца кои имаат потреба од логопедски третмани или поточно имаат потешкотии во говорот. Таа нагласи дека еден од факторите што дефинитивно можеме да рангираме како фактор на векот е технологијата.

“Одамна постојат овие потешкотии и има различни тестови за ваквите типови на нарушувања кои се јавуваат, но актуелно, во последните години имаме многу голем пораст на бројот на деца на кои им е потребна логопедска терапија, односно имаат потешктии при зборувањето. Еден од факторите за кој дефинитивно можеме да кажеме дека е фактор на векот е технологијата. 90% од случаите може да бидат случаи конкретно од технолошки средства или тоа е можеби како секундарна последица, ако претходно постоело некакво пореметување. Уште повеќе може да предизвика проблеми влијанието на телефоните“, рече Нермин Шаќири. /Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button