ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Шар Планина конечно стана национален парк, пратениците го донесоа законот

Шар Планина и официјално стана национален парк. Денеска во Собранието 66 пратеници го изгласаа законот за дел од планината да се прогласи за национален парк. Шар Планина е четвртиот национален парк во земјава, после Маврово, Пелистер и Галичица, а прв по осамостојувањето на државава. Со ова се отвора можноста за организирана заштита на над 60 илјади хектари во чии рамки влегуваат и 30 села. Веќе неколку децении планината се соочува се дефорестација, нелегален лов и градежна експанзија. Во однос на изградбата на проточните хидроцентрали, оние коишто се веќе изградени ќе продолжат да работат, а државата најави дека ќе проба да се спогоди со фирмите кои веќе почнале постапка за да добијат дозвола за истата намена, за евентуално да се откажат од намерата.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button