ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Шекеринска: Мандатарот ќе одлучи за идниот министер за одбрана

Одлуката е на мандатарот на кој кандидат ќе му ја даде довербата да биде идниот министер или министерка за одбрана, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која одговарајќи на новинарско прашање наведе дека според нејзините информации за тоа се уште не е одлучено.

Според неа, постои една црвена линија која не треба да се минува, а тоа е да се сугерира кои би биле следните кандидати што би можеле да дојдат на ова место.

– Ова е задача на мандатарот. Јас ги пренесов моите размислувања дека се работи навистина за чувствителен сектор, сектор во кој не важат само домашните правила за одговорност, туку важат и НАТО правилата на одговорност, рече Шекеринска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button