СПОРТ

Шендрит Деари не успеа да се пласира на главниот тунир во Бугарија

Шендрит Деари не успеа да се пласира на главниот тунир на фјучрсот во Пазарџик, Бугарија што се игра за награден фонд од 25.000 долари.

Тој загуби во последното коло од квалификациите од домашниот тенисер Михаил Иванов (втор носител) со 2-1 во сетови (0-6, 6-3 и 10-8 на поени). Мечот траеше 75 минути.

Деари откако го доби првиот сет со 6-0, следниот го загуби со 6-3 во гемови и мечот се решаваше во третиот сет на поени. По 4-4, Иванов направи серија од три поени за 7:4 што се покажа клучно бидејќи Деари успеа само да ја намали предоста и сетот заврши со 10-8 на поени.

Инаку, македонскиот тенисер во првото коло беше слободен, а во второто квалификациско коло го победи Јавор Томов со 2-0 во сетови (6-3, 6-2).

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button