МАКЕДОНИЈАМЕТРОПОЛ

Шест добитници на наградата „Македонска книжевна авангарда“

Добитници на наградата „Македонска книжевна авангарда” за книги објавени во минатата година се: Славица Гаџова-Свидерска за книгата „Политики на стравот”, Бистра Кумбароска за книгата „Скршена, кршлива и други начини да се стане цела”, Огнен Неделковски за книгата „Ловци на лажни вести од зграда 39”, Марија Ралповска за книгата „Сенки во подземјето” и Ана Стојаноска за книгата „Лебед” и Славица Урумова Марковска за книгата “Алфа и Омега”.

Селектор на најдобрите дела беше проф.д-р Христо Петрески, а на Конкурсот за наградата „Македонска книжевна авангарда” пристигнаа вкупно 17 објавени книжевни остварувања.

Наградата ја доделува Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент” од Скопје, а се доделува за иновативна, експериментална и креативна, односно најдобра книга објавена во 2021 година.

Досегашни добитници на наградата се: Елена Пренџова, Марина Мијаковска, Дејан Трајкоски, Стефан Марковски, Ана Бунтеска, Бистра Илин Шеќеровски, Даниела Андоновска-Трајковска, Митко Гогов и Габриела Стојаноска-Станоеска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button