СВЕТ

Шест министри во романската Влада поднесоа оставки

Романскиот премиер Флорин Кицу се најде под голем притисок да се повлече од функцијата, кога шест министри од една од владејачките партии во земјата, УСР-Плус, поднесоа оставка вчера, повикувајќи го да се повлече од функцијата шеф на десноцентристичката коалиција.

Најголемиот опозициски блок во земјата, Социјалдемократската партија (ПСД), пак, повика на предвремени избори за да се стави крај на политичкиот ќорсокак.

„Премиерот Кицу намерно ја растури оваа коалиција. Не можеме повеќе вака“, им изјави на новинарите копретседателот на УСР-Плус, Ден Барна.

Тој изјави дека УСР-Плус е подготвена да остане во коалицијата доколку Либералите (ПНЛ) назначат нова личност за мандатар.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button