СПОРТ

Шифрин најбрза на слаломот во Словачка

Михаела Шифрин од Соединетите Американски Држави, е победник на трката во слалом, што се возеше на патеката „Јасна“ во Словачка. Американската скијачка стигна до целта со време, 1 минута, 44 секунди и 28 стотинки, оставајќи ја зад себе Словачката Петра Влхова на второто место и Венди Холденер од Швајцарија на третото место. Со ова, Шифрин ја забележа 45 – та победа во слалом. Во меѓувреме, трката за „Кристалниот глобус“ во слалом останува отворена, бидејќи Влхова има 480 бода пред Шифрин со 435 и Линсбергер со 410 бода.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button