ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Школи без кадри – еден работи и дефектолог и секретар и наставник и психолог

Школи без кадри - еден работи и дефектолог и секретар и наставник и психолог

Екипата на ТВ Алсат беше во основното училиште „Алија Авдовиќ“ во село Батинци, општина Студеничани за одблиску да види како функционира училиштето, без секретар, наставник и психолог. Работата за сите во моментов ја врши дефектологот на училиштето.“
Ќенан Имери, директор на училиштето, вели дека навреме ги доставиле сите барања до Министерството за образование, но сè уште чекаат одговор.

„Испративме барање до Министерството за образование за наставник, за социјален работник, помошник-директор, пред неколку дена се слушнав со одговорното лице во министерството што го имаме како општина и ни ветија, се надеваме дека ќе ни дадат нови одобренија, нови средства за овие работници. Во моментов имаме само еден дефектолог, психологот е на породилно отсуство, а јас како директор со дефектологот ја вршиме целата работа“, рече Ќенан Имери, директор на „Алија Авдовиќ“, село Батинци.

Според Имери, на училиштето му се потребни пари и за вработување наставници, бидејќи е зголемен бројот на ученици кои се префрлени во новиот училишен објект во населбата Љубош во Батинци.

„Во ова училиште се вратија близу 100 ученици, се зголеми бројот на ученици и отворивме нови паралелки. Имаме три нови паралелки на македонски јазик и две паралелки на турски јазик. Побаравме ново финансирање и согласност. Досега ни дадоа нови одобренија за двајца наставници, ги чекаме другите, ни ветија дека ќе ни ги дадат парите, платите ги даваме од блок-дотациите, но од друга страна имаме проблеми бидејќи сите финансиски средства од училишниот буџет одат за плати, па ни останува многу малку за одржување“, додаде тој.

И од општина Студеничани велат дека ги завршиле сите процедури околу барањето за ново финансирање и ги доставиле до Министерството за образование. Од Министерството појаснуваат дека сите барања ќе бидат разгледани, а општините навреме ќе бидат известени./Alsat.mk

Мелихате Рустеми

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button