ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Школските чанти полни со искинати и дотрајани учебници, нови нема

Учениците од основните училишта, особено оние од 5 до 9 одделение ќе се соочат со стариот проблем – оштетени книги или нивна целосна недостапност. Некои од учебниците кои деновиве им се делат на учениците не се целосни. На пример, во оваа книга за албански јазик од седмо одделение и недостасуваат преку 20 страници, а има и многу други искинати.

Сличен е и учебникот по македонски јазик, како и оној по историја и географија. Меѓу најоштетените учебници за седмо одделение е по англиски јазик каде е искинат скоро секој лист. Дури и неколкуте страници кои останале се чкртани.

 Алсат контактираше некои од директорите на основните училишта кои потврдија дека учениците добиле оштетени учебници бидејќи недостасуваат нови по одредени предмети. Повеќето од книгите што недостасуваат се англиски, германски, албански и македонски јазик. Ова е проблем веќе една деценија. Во 2018 година, поранешниот министер Арбер Адеми, вети дека сите кои сакаат да ги заменат старите книги со нови, ќе можат по иста цена по која Министерството ги купува, да си ги набават во книжарница, но тоа никогаш не се реализираше. И актуелната министерка, Мила Царовска, постојано ветуваше дека училиштата ќе бидат снабдени со книги на време, но се чини дека дури и ова ветување не се остварува. Покрај основните и многу средни училишта во земјава сè уште немаат учебници, особено во стручните насоки. Повеќето родители, во отсуство на учебници, почнаа на свој трошок да прават фотокопии.

Melihate Rustemi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button