СПОРТФУДБАЛ

Шкупи победнички ја затвори сезоната (Видео)

Новиот македонски првак Шкупи со убедлив триумф со 3-0 против вицепрвакот Академија Пандев ја затвори оваа сезона во Првата лига, а Скопје и Тиквеш со победи се загреаа за баражите идната недела, откако во вторник ќе дознаат со кого ќе играат од Воска спорт и Беласица, после денешното последно 33-то коло во домашната елита во кое паднаа 22 гола или повеќе од три во просек.

Екс-академецот Кристијан Трапановски со два гола за три минути во самата завршница ја обезбеди победата на Шкупи против Пандевци, а Абази само ја завери, но резултатот беше во втор план на шампионската прослава во Чаир, за првиот трофеј во македонскиот фудбал кој доаѓа по пауза од две децении уште од ерата на Слога Југомагнат во периодот 1999-2001.

Скопје со убедливи 4-1 ја збриша штипска Брегалница во Автокоманда, победа која за „пиратите“ е добредојдена за самодовербата пред решавачкиот бараж, а победи и Тиквеш со 2-1 со пресврт и гол во 91-та минута против Македонија ЃП, исто така победнички да се загрее за најважниот меч за кавадарчани во оваа сезона.

Ренова го растури Борец со 5-1 во Велес, Работнички со 2-1 славеше над Пелистер, а Струга Трим Лум ремизираше со Шкендија со 1-1, а двата гола паднаа во судиското надополнување од мечот.

ПРВА ЛИГА, 33. КОЛО (17 ЧАСОТ)

Работнички – Пелистер 2-1 (0-0)
Тодоровски 53, Станковски 62 – Ричков 83

Борец – Ренова 1-5 (1-2)
Ибрахимовиќ 36 – Абдула 15, Кахирмановиќ 28, Селмани 47, Шефити 53, Јусуфи 60

Скопје – Брегалница 4-1 (3-0)

Јаневски 10, 41, Десниќ 43, Игњатов 51 – Ацковски 80

Тиквеш – Македонија ЃП 2-1 (0-1)

Љамчевски 51 п., Христов 90+1 – Купер 20

Струга Трим Лум – Шкендија 1-1 (0-0)

Илиески 90+3 – Рамадани 90+5

Шкупи – Академија Пандев 3-0 (2-0)

Трапановски 42, 45, Абази 67

ТАБЕЛА: Шкупи 76 (првак), А. Пандев 64 (Конф. лига), Шкендија 61 (Конф. лига), Македонија ЃП 57, Ренова 48, Струга ТЛ 47, Брегалница 45, Работнички 43, Скопје 35 (бараж), Тиквеш 34 (бараж), Борец 21 (Втора лига), Пелистер 14 (Втора лига) /sport1.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button