ВЕСТИСВЕТ

Шолц смета оти ЕУ мора да ги реформира правилата за гласање во надворешната политика

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека Европска Унија мора да ги реформира правилата за гласање во клучните области како што е надворешната политика пред да може да прими нови земји-членки како Украина, јави „Политико“.

Говорејќи во Бундестагот во Берлин пред Самитот на Европскиот совет денеска и утре во Брисел, Шолц рече дека решително ќе се заложи за одобрување и на Украина и на Молдавија како кандидати за членство во ЕУ.

„Ќе вложам максимални напори во Европскиот совет за да се осигурам дека целата ЕУ ќе даде едногласно ‘да’ за кандидатурите за членство на Украина и Молдавија“, рече канцеларот, истовремено барајќи дека ЕУ мора да биде способна да преземе нови членови.

Тој повтори дека се залага за реформи во ЕУ, првенствено за промена на правилата на гласање, со што би се спречило поединечни земји да блокираат мнозински одлуки, особено нагласувајќи ја надворешната политика како област каде е потребна таква промена.

Неколку земји од ЕУ, вклучувајќи ја Франција, веќе изнесоа забелешки за укинување на правото на вето во клучни области, како што е надворешната политика.

Претходно, ваков став за едногласност во надворешнополитичките одлуки, произнесе и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која истакна дека ЕУ мора да биде способна да реагира побрзо на геополитичките случувања и оти треба да стави крај на ова барање.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button