
Карлос Куеста ќе седне на клупата на Парма како наследник на Кристијан Киву. Триесетгодишниот стратег од Палма де Мајорка, кој ќе го прослави 30. роденден на 29 јули, е новиот избор на раководството на екипата од Емилија.
Куеста е полиглот, зборува дури шест јазици, а деталите околу неговиот договор со Парма треба да бидат финализирани утринава, откако ќе се заврши административниот дел со Арсенал. Според информациите, договорот ќе биде со важност до 2027 година, со годишна плата нешто под еден милион евра.
Во изминатите три сезони, Куеста беше дел од стручниот штаб на Микел Артета во Арсенал, каде што стекна големо реноме и беше високо ценет во клупската структура. Тој веќе има и претходно искуство во италијанскиот фудбал како тренер на тимот до 17 години на Јувентус.