
Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, во неделата изјави дека ќе побара од Советот на ЕУ да го одобри суспендирањето на договорот што ги регулира односите меѓу ЕУ и Израел „во знак на протест против кршењата на човековите права во Газа“.
Тој, исто така, рече дека ќе побара од Советот на ЕУ да одобри ембарго за продажба на оружје на Израел и да усвои санкции за поединци кои го поткопуваат решението за две држави, објави Ројтерс.
Израел во неделата го отфрли извештајот на Европската унија во кој се вели дека еврејската држава можеби ги прекршила човековите права и обврски во окупираните палестински енклави на Појасот Газа и Западниот Брег.