ЕКОНОМИЈА

Шпекулациите за (не)стабилноста на банките не е во ничиј интерес, сметаат од Банкарската асоцијација

Шпекулациите во врска со ликвидноста на банкарскиот сектор и дел од банките не се во ничиј интерес бидејќи банките се чуварите на националното штедење, рече во вечерашното гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, Бојан Стојаноски, претставник на Македонската банкарска асоцијација.

„Ваквите шпекулации и дезинформации дефинитивно не се во ничија корист, а поготово не на економијата“, рече Стојановски додавајќи дека банките немаат механизам да го утврдат изворот на таквите шпекулации.

„Ние како банки не можеме да навлеземе во суштината да откриваме од каде и како доаѓаат шпекулациите и кои се намерите и целите на таквите шпекулации“, вели Стојаноски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button