ВЕСТИМЕТРОПОЛ

Што пропуштивме гледајќи во мобилниот телефон

Пропуштаме многу работи. Нема зошто да ја разубавуваме целата ситуација – сите ние сме зависни од телефоните. Единствената разлика е во тоа што некои сфатиле порано, а некои подоцна.

Да, социјалните мрежи се виновни за тоа. Од една страна ни го олеснуваат животот и комуникацијата во смисла дека лесно дознаваме за настани, случувања од приватниот живот на пријателите, имаме опција кога сакаме бесплатно да се слушнеме со драгите луѓе надвор од земјата.

Сега некој ќе рече  – ама јас немам Фејсбук, не сум зависен и не гледам ништо.

Точно, дел од проблемот е решен, Но, од друга страна сигурно имате смартфон на кој читате весници, дневни случувања, користите Viber и сличните канали на комуникација и сето тоа удобно сместени на креветот во дневната соба.

Што пропуштаме?

Пропуштивме да го почувствуваме моментот кога омилениот бенд ќе се појави на сцената на концерт за кој сте платиле билет. Наместо да уживаме, ние бараме начин да го снимиме тоа. Готово, сте пропуштиле, попусто дома ќе си го пуштате пак кога таму бевте зафатени со вашиот телефон.

Пропуштаме да уживаме во првиот залак од превкусното јадење кое го направиле за нас. Наместо тоа, го бараме телефонот за да го ставиме на Инстаграм.

Пропуштаме да ги научиме децата да зборуваат.

Пропуштаме да уживаме во изразот на лицето на детето кое штотуку проодело.

Пропуштаме моменти на флертување кои можат да ни го сменат животот.

Пропуштаме да поздравиме некого на улица, некој кој ни значи во животот.

Пропуштаме да уживаме гледајќи ја природата и дишејќи со полна пареа да го впиваме секој момент.

Пропуштаме да ја гледаме среќата на своите пријатели кои стапуваат во брак, бидејќи сакаме да го снимиме тој момент.

Пропуштаме да се радуваме на роденденската свеќа и годината живот која ја оставаме зад нас и почнуваме нова, полна надеж…

Паметните телефони се дел од нашето секојдневие, но мора да научиме да ги контролираме, наместо тие да нè контролираат нас – пред да биде доцна!

Извор: hybrid.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button