ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Што заплени полицијата во акцијата против дилерите на дрога

Што заплени полицијата во акцијата против дилерите на дрога

По наредба на Јавен обвинител за гонење на организиран криминал, спроведена е акција координирана со Министерството за внатрешни работи. Рации се извршени на 20 локации во Скопје и една во Гевгелија. При рациите биле пронајдени и одземени повеќе алатки поврзани со продажба на дрога и наркотични материи. Од слобода се лишени 10 лица за кои постои основано сомнение дека се членови на криминална група која подолго време вршела кривични дела трговија со дрога и наркотици. Како што соопшти МВР, членовите на криминалната група дистрибуирале и организирале улична продажба на наркотични супстанции.

Од Обвинителството соопштуваат дека со оглед на делото за кое се товарат, судијата на претходна постапка при Кривичниот суд побарал притвор за 10 лица. Од 14-те осомничени, еден е веќе во притвор, а тројца не се достапни за органите на прогонот. Од Обвинителството соопштуваат дека активностите од оваа акција се уште се во тек. Како резултат на вчерашната акција, која не се споменува ниту во соопштението на Обвинителството, ниту на полицијата, запленет е и телефонот на висок полициски службеник, кој е осомничен дека дистрибуирал информации поврзани со кланот Барон, Беланоца, Грчец и Штекли.Во акцијата, како што веќе објавивме , во близина на хотел, при обид за бегство беше уапсен Раде Трајковски Штекли, осомничен дека е водач на овој нарко клан. Кај Штекли се пронајдени и одземени 325.000 денари и 3995 евра, четири автомобили, 12 мобилни телефони, пиштол калибар 9мм и 22 куршуми, непознати семки од растително потекло, непозната зелена материја и други предмети. Штекли и е познат на полицијата од 2011 година кога беше уапсен во Грција како осомничен во Италија за местење фудбалски натпревари. Тој потоа беше екстрадиран во Италија, каде што му се судеше за овој случај.
Името на Раде Трајковски неколкупати се споменуваше во тешки кривични дела. Неофицијално, се споменува и во убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев, за што е распишана меѓународна потерница. Во 2021 година, Штекли беше уапсен во Србија и екстрадиран во Македонија, каде одлежа шест месеци затвор за друго дело бидејќи не беа пронајдени докази во случајот Јанушев. Во ноември минатата година во дворот на куќата на Штекли во скопска Керамидница беше фрлена експлозивна бомба. Ова не беше прв обид за атентат врз Штекли – претходно во него беше пукано од огнено оружје во трговски центар./Алсат.мк

Зекирија Хаџиу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button