ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Швајцарија спротивно на протоколите, бара ПЦР за македонските граѓани

Швајцарија спротивно на протоколите, бара ПЦР за македонските граѓани

Македонија до крајот на август не предвидува да воведе рестриктивни анти-ковид мерки при влез и излез од земјата. Нашата земја е во жолта ковид зона. Сега во време на празниците, како што доаѓаат и си заминуваат иселениците, почнуваат да се чувствуваат неформалните пречки за влез и излез во Швајцарија. На скопскиот аеродром има остапки од препораките.

Толпата граѓани кои чекаат лет за да се вратат во земјите од каде дошле, ги натера да не ја почитуваат оддалеченоста во овој нов бран на пандемијата.

Граѓаните кои патуваат во Швајцарија со авион треба да направат ПЦР тест на аеродромите во Швајцарија.
Ова го потврдуваат и од МНР, повикувајќи се на поплаките од наши граѓани кои се жалат бидејќи официјалниот протокол не предвидува никакви услови.

„Иако според последните информации од Протоколот на Министерството за надворешни работи на Швајцарската Конфедерација, нема посебни услови за влез во земјата, нашата амбасада секојдневно се соочува со поплаки од наши граѓани, кои се запрени на швајцарските аеродроми од страна на авио компаниите при проверка на авионски билет, со барање за негативен тест за излез од него, но и за влез во Швајцарија од страна на швајцарските гранични служби“, велат од Министерство за надворешни работи.

Од 1 август за влез во Австрија од земји со зголемен епидемиолошки ризик, за возрасни, ќе биде потребна потврда за целосна имунизација која важи 270 дена. Според регулативата, потврдата за вакцинација на лица помлади од 18 години нема да има рок на важност.

Во моментов, граѓаните на Македонија немаат пречки да патуваат во други земји, но од 1 септември се очекува повторно враќање на рестриктивните мерки./Alsat.mk

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button