СВЕТ

Швајцарија воведе задолжителна ковид-потврда за влез во повеќето објекти

Швајцарската влада одлучи дека во иднина нема да биде можно да се влегува во ресторани, барови или фитнес-центри без сертификати за ковид, што се објаснува со неопходноста да се намали притисокот врз болниците во четвртиот бран на пандемијата.

Минатата недела беше одложено воведувањето на оваа мерка за да се види како ќе се движи бројот на нови заразени, а бидејќи трендот не е добар, денеска е одлучено да се воведе задолжително поседување сертификат. Мерката засега ќе биде во сила четири месеци, а во меѓувреме, ќе има јавна расправа за тоа дали задира во граѓанските слободи.

Со оглед дека болниците се повеќе се полнат со пациенти, поради што мора да се одложат операциите на другите пациенти, Владата заклучи дека не смее да се одолговлекува повеќе со новите мерки.

„Ситуацијата се уште е нестабилна и денес имаме повеќе од 3 500 новозаразени лица. Алтернативата е да затвориме се, но ќе сториме сѐ што можеме за да го избегнеме тоа“, рече министерот за здравство, Ален Берсе.

Ковид-сертификатот во Швајцарија подразбира доказ за вакцинација, прележан ковид или негативен тест.

Угостителите ги критикуваа мерките, со образложение дека тоа ќе им нанесе голема штета во момент кога пандемијата почна да се спласнува.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button