СВЕТ

Швајцарија забранува никаб и бурка

На денешниот референдум, швајцарските граѓани го поддржаа предлогот за забрана за носење никаб и бурка од страна на муслиманките во земјата.

Забраната ќе важи за покривање на луѓе на јавни места како што се ресторани, спортски објекти, јавен превоз или за време на прошетки.

Исклучок може да биде покривање на лицето на верски места или во случај на безбедносни и здравствени причини, како што се носење маски за заштита од коронавирусот, пренесува Ројтерс.

Застапниците на законот тврдат дека носењето шамија го симболизира угнетувањето врз жените и дека се потребни мерки за зачувување на принципот на изразување на лицето во слободно општество како што е Швајцарија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button