ВЕСТИСВЕТ

Си Џинпинг ја прифати понудата на Бајден

Кинескиот претседател Си Џинпинг ја прифати поканата на американскиот претседател Џо Бајден и ќе присуствува на самитот за климатски промени организиран од САД на 22 април, што ќе биде прва средба на двајцата лидери по пристигнувањето на новата американска администрација.

„Претседателот Кси ќе присуствува на самитот преку видео конференција и ќе одржи важен говор“, потврди портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Хуа Чунинг, пренесува Ројтерс.

Минатата недела, за време на посетата на американскиот претставник за клима, Џон Кери, во Шангај, Соединетите држави и Кина се согласија да соработуваат по прашањето за климатските промени.

По тој повод, Вашингтон и Пекинг во заедничката изјава изјавија дека ќе ја зајакнат акцијата и соработката во мултилатералните процеси, вклучително и Конвенцијата на ООН за климатски промени и Парискиот климатски договор, објави Танјуг.

Претходно Белата куќа објави дека американскиот претседател Бајден поканил 40 светски лидери на настан посветен на климата што Вашингтон има намера да го организира на 22 и 23 април во виртуелен формат, а самитот се планира да се одржи на Денот на Земјата.

На самитот, организиран од САД, ќе учествуваат највисоки претставници од Кина, Русија, Велика Британија, Германија, Австралија, Франција, Турција, Индија, Италија, Шпанија, Мексико, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и други земји.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button