ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сијарто: Не е само до Бугарија, членките во ЕУ што го поддржуваат проширувањето кон Западен Балкан се малцинство

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто денеска од Скопје порача дека Европската Унија јавно кажува дека го поддржува проширувањето кон Западен Балкан, но зад затворени врати на состаноците на 27-те земји-членки, државите кои го поддржуваат проширувањето се малцинство. Тој нагласи дека доколку се искрени во намерата дека сакаат да влеземе во Унијата, не би чекале 20 години на полноправно членство.

Advertisements

-Бугарија навистина отворено ги попречува вашите настојувања за интеграција, но вие не чекате заради тоа 20 години во редот, заради тоа што Бугарите се спротивставуваат. Не лутете се, но морам да кажам дека ситуацијата во врска со тоа е многу потешка. Во овој момент оние државите-членки во ЕУ коишто го поддржуваат проширувањето кон Западен Балкан се малцинство, изјави Сијарто на заедничката прес-конференција со неговиот македонски колега Тимчо Муцунски.

Сијарто потенцира дека за време на унгарското претседавање со ЕУ вложиле силни напори да се забрза процесот на зачленување на Западен Балкан во ЕУ, но постојано налетувале на ѕидови и тоа, како што рече, „тие ѕидови се градени, вусшност, од оние држави кои отворено го поддржуваат целиот овој процес“.

-Ние искрено го поддржуваме Западен Балкан, и затоа сме во малцинство во ЕУ затоа што не треба да се залажуваме дека поголем дел од државите-членки кога доаѓаат кај вас, вака јавно Ви зборуваат со убави зборови колку многу го поддржуваат зачленувањето на Северна Македонија во Еврпската Унија. Но кога остануваме сами зад затворени врати, ние 27 земји-членки, тогаш мнозинството веднаш почнува да зборува за тоа зошто не би можела ЕУ да се проширува кон Западен Балкан. Но нормално и во иднина тоа ќе го демантираат и во иднина ќе зборуваат многу убаво, но доколку сериозно мислат, не мислите ли дека 20 години треба да се чека на зачленувањето?, истакна Сијарто.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button