ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова го осуди сквернавењето на државното знаме и повика на разум и дијалог

Сиљановска-Давкова го осуди сквернавењето на државното знаме и повика на разум и дијалог

Дополнително, претседателката на државата вели дека надлежните институции треба да спроведат темелна истрага за настанот и да преземат соодветни мерки за одговорните лица

Advertisements

Остра осуда за синоќешните инциденти, во кои беше сквернавено македонското државно знаме, попладнево стигна и од претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова. Таа на својот фејбук-профил напиша дека станува збор за чин на непочитување на државните симболи, но и директно поткопување на заедништвото на сите македонски граѓани што тоа знаме го симболизира.

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова / Фото: Кабинет на претседателот на РСМ

„Ваквите постапки не придонесуваат за градење доверба и почит меѓу граѓаните, туку поттикнуваат дополнителни тензии и поделби“,вели претседателката на државата.  

Повикот за разум, толеранција и дијалог, додава таа, е клучен во вакви моменти.

Дополнително, Сиљановска-Давкова вели дека надлежните институции треба да спроведат темелна истрага за настанот и да преземат соодветни мерки за одговорните лица.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button