ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Сиљановска на прва средба со Радев: Решението е на дофат, ако имаме волја да се разбереме

Сиљановска на прва средба со Радев: Решението е на дофат, ако имаме волја да се разбереме

Решението е на дофат ако имаме волја да се слушнеме, да се почитуваме и да се разбереме-рече претседателката Сиљановска по средбата со бугарскиот претседател Румен радев. Сиљановска вели дека средбата поминала во пријатна дебатна атмосфера.
„Убедена сум дека денешниот разговор во една дебатна пријатна атмосфера дека ќе вроди со плод. Не можам да кажам дека утре ќе се случи тоа но важно е да почнете. Сигурна сум дека како ако се слушаме, ако имаме волја да се разбереме, тогаш решението е на дофат.

Сиљановска кажа дека вметнувањето на Бугарите во Уставот било тема за која се разговарало но оти таа не е апсолутен монарх да го менува Уставот.

“Јас да сум апсолутен монарх можам да го сменам Уставот, но пратениците ги претставуваат граѓаните, гласаат по сопствено убедување. Не можам да ја суспендирам парламентарната демократија, но се разбира дека разговаравме за сите прашања, велам разговаравме, бидејќи ние не може да донесме решение, ниту да го наметнеме на нацијата и останатите. Но, разговаравме и тоа е здраво”, изјави Сиљановска.

Заедничка прес конференција по средбата немаше. Радев пред состанокот кажа дека официјална Софија очекува Македонија да ги исполни преземените обврски.

„Очекуваме и со овој дијалог конечно да се решат отворените прашања меѓу нас. Нашите односи ќе се засноваат на нашите договори. Очекуваме Република Северна Македонија да ги исполни сите свои обврски и кон нас и кон Европската Унија. Строго го следиме протоколот. На ред е јас да дојдам во официјална посета на Република Северна Македонија“, рече Румен Радев, претседател на Бугарија.
Ова беше прва средба меѓу Сиљановска и Радев. Сега се очекува возвратна посета на Радев во Македонија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button