СПОРТ

Силекс и Академија Пандев во финалето на Купот на Македонија

Тимот на Силекс и Академијата Пандев ќе се соочат во финалето на Купот на 19 мај на стадионот Тодор Проески, каде победникот, покрај трофејот, ќе има право да се натпреварува и во европските натпревари. Екипата од Кратово ќе ја бара третата титула во Купот на Македонија, но тренерот на овој тим, Горан Симов, потенцира дека трофејот на Купот на Македонија не значи многу, ако не успеат да обезбедат опстанок во вториот круг од натпреварот со Тиквеш на 25-ти мај.

Од друга страна, Академија Пандев има можност да ја освои втората титула по ред во Купот на Македонија, бидејќи минатата година немаше победник, поради пандемијата од коровирусот. Екипата од Струмица ја постигна првата цел оваа сезона, да обезбеди опстанок, а сега, според тренерот Александар Васовски, ќе бара победа, трофеј и влезница за европските натпревари. Последниот натпревар од Купот на Македонија, Академија Пандев – Силекс, ќе се одигра во среда, во 19 часот, на стадионот „Тодор Проески“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button