ВЕСТИСВЕТ

Силен земјотрес кај островот Крит

Земјотрес со сила од 5,7 степени според Рихтер го погоди островот Крит, соопшти Геодинамичкиот институт на Грција. Засега нема извештаи за повредени или материјална штета. Европскиот медитерански сеизмолошки центар претходно го регистрираше потресот со сила од 6,1 степени. Египетските власти соопштија дека земјотресот бил почувствуван во некои од градовите во земјата.

Акис Целентис, директор на Геодинамичкиот институт изјави дека властите дадоа ревидирана вредност од 5,7 степени. „За среќа, беше во морето. Областа е веќе оптоварена со претходни потреси и ако беше во внатрешноста, можеше да има штета“, рече тој. Земјотресот бил на длабочина од 80 километри.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button