ВЕСТИСВЕТ

Силен земјотрес во Егејското Море кај Турција

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала рано утринава е регистриран во Егејското Море, соопшти турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби.

Епицентарот на земјотресот бил во западната провинција Измир, на длабочина од 3,97 километри, јави агенцијата Анадолија.

Регистриран е и последователен земјотрес со јачина од 4,3 степени, на длабочина од 7,16 километри.

Засега нема информации за жртви.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button