ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Симовски: Податоците од пописот не се загорзени, ќе заврши на 30 септември

До вчера се попишани 419.485 лица, 129.614 домаќинства и 173.439 станови. И покрај постојаните сајбер напади, Државниот завод за статистика вели дека пописот е во тек и со сигурност целиот процес ќе биде завршен на време, на 30 септември. Директорот на Статистика, Апостол Симовски, рече дека граѓаните се многу кооперативни.

Што се однесува до пописот во дијаспората, оваа бројка достигна околу 192 илјади. Заменик министерот за правда, Агим Нухиу денеска на прес конференција ги повика граѓаните во земјава и тие од дијаспората да се попишат, бидејќи тие ќе бидат вклучени во вкупното население на земјата.

„Повикуваме да се попишат сите граѓани, ова е најголемиот патриотски чин, сите ние сме поврзани со нашите домови и нашите имоти, секој е важен. За прв пат, дијаспората се попишува користејќи ја опцијата за електронски попис. Ги повикувам сите граѓани да се попишат, да се пребројат, бидејќи тие ќе бидат дел од општата популација во нашата земја, вклучително и дијаспората“, рече Агим Нухиу-заменик министер за правда.

Од Државниот Завод за статистика ги известуваат граѓаните дека за какви било дилеми и проблеми што ги имаат во врска со процесот на попис можат да се обратат до Заводот, како и на телефонските броеви кои се јавни на веб -страницата www.popis2021.gov.mk. Тие велат дека попишувачите кои го спроведуваат теренскиот попис, се овластени лица на Државниот завод за статистика кои исто така се обучени за оваа активност и апелираат до населението да ги прими во домовите со доверба и почит, како и да им ги обезбедат потребните податоци.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button