ЕКОНОМИЈА

Синдикатите лути поради работењето во недела

Измените во Законот за трговија за кои зелено светло вчера дадоа пратениците во Собранието е класично уназадување на работничките права во земјава. Ова е ставот на Сојузот на синдикати со кои во туристичките мести се дозволи работниците да работат во недела и на државен празник. Велат ќе ги активираат сите правни механизми за да се заштити работникот бидејќи недела е ден за одмор.

„Секако дека ќе испитаме сите правни механизми што може да се направи да го оспориме и да се врати ова законско решение по старо. Повеќе од јасно е дека еден ден мора да има македонскиот работник за семејството, иако по традиција во Македонија недела неработен ден беше идеално решение. Не очекуваме дека може истата Влада да го донесе решението, па да каже дека не важи…“, вели Иван Пешевски-потпретседател на ССМ.

Со измените, во недела ќе може да работат продавниците, киосците и штандовите кои се во близина на дестинација која има историски, културни и останати знаменитости. Покрај Охридскиот брег, трговците во недела ќе работат и во останатите природни езера, делови во главниот град како чаршијата и плоштадот, но и во одредени места во останатите градови.

Закон за туристичка дејност:

„Туристичко место претставува подрачје или дестинација кое како организациона и функционална туристичка целина располага со природни, културни, историски и други знаменитости од значење за туризмот, комунална, сообраќајна и туристичка инфраструктура, како и објекти и други содржини за сместување и престој на туристите.“

Првичната инцијатива за измени во Законот за трговија бараа сопствениците на дуќаните во туристичките места, зошто за време на сезоната трпат финансиски штети. Законското решение за недела неработен ден почна да се применува од почеток на годинава со кои се опфатија 90 проценти од дејностите. За работниците кои работат во недела задолжително е исплата на двојна дневници, како и слободен ден во текот на работната недела.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button