ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Синдикатите се револтирани од предложениот буџет за следната година

Предлог-буџетот со кој се предвидуваат плати во јавниот сектор за следната година, предизвика револт кај синдикалците. Административните службеници во Фондот за здравство се пред штрајк поради ниските плати. Најавија предупредувачки протест в петок заедно со вработените од уште неколку државни институции кои исто така бараат повисоки плати. Од УПОЗ предупредуваат дека Владата подготвува план со кој би се поништиле постигнатите договори и не би се исплатило предвиденото покачување на платите согласно најавеното зголемување на минималната плата.

Advertisements

Незадоволни се и од Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија, кои бараат зголемување на платите од 30 проценти, корекција на Колективниот договор, бенефициран стаж и поголема заштита за здравствените работници. Првиот човек на овој синдикат Марјан Ристески рече дека на 2 декември ќе следува уште еден протест пред Владата.

Синдикатите предупредија дека на Владата и следува тежок период, која според се обидува да ги изигра и да нема линеарно зголемување на платите доколку се покачи минималната плата. Но, властите предупредија дека во март 2024 година се очекува минималната плата да се зголеми на 22.500 денари, а како резултат на тоа, со усогласување на платите, се очекува да има линеарно зголемување од 40 евра за секој вработен во јавниот сектор.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button